СЛОБОДА ЗА НОВИНАРОТ ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ!

Новинарот Томислав Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“ и се наоѓа во 30-дневен притвор во Истражниот затвор во Скопје.

 

Причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.

 

Заштитениот сведок „Бреза“, Златко Арсовски, во февруари годинава на рочиштето во скопскиот суд самиот го разоткри својот идентитет.

 

Заштитениот сведок Арсовски сензационално изјави дека луѓе од полицијата со уцени и закани го принудиле да сведочи против обвинетите за убиството во случајот „Ореше“, иако не знаел ништо за убиството.

 

По оваа изјава судот донесе ослободителна пресуда за двајцата обвинети.

 

Сведокот Арсовски исто така изјави дека спогодбата за заштитен сведок ја потпишал во јануари 2010 година.

 

 

ЗАШТИТЕНИОТ СВЕДОК Е ЛАЖЕН СВЕДОК!

 

НОВИНАРОТ ГО НАПИШАЛ ТЕКСТОТ ПРЕД ТОЈ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК!

 

НОВИНАРОТ ИМАЛ ЈАВЕН ИНТЕРЕС ДА ГО ОБЈАВИ НЕГОВОТО СВЕДОЧЕЊЕ ПРЕД ДА СТАНЕ ЛАЖЕН ЗАШТИТЕН СВЕДОК!

 

ОСЛОБОДЕТЕ ГО ОД ПРИТВОР НОВИНАРОТ ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ И ДОЗВОЛЕТЕ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА!

 


Зоран Димитровски    Kontaktiraj go avtorot na peticijata