Петиција против најавениот концепт за основно образование од страна на МОН и против маргинализација на предметот Историја.

     Новиот концепт за основното образование кој го најави министерката Мила Царовска, главно, предвидува креирање на нов предмет, општествени науки, во кои би биле внесени наставни содржини од областите на географијата, граѓанското образование, антропологијата, философијата и историјата. Со ваквиот концепт, првенствено, неминовно се намалува обемот на историските наставни содржини поврзани со светската и со националната историја. Ова се случува без конкретно укажување од страна на надлежните по кои стандарди и критериуми би била извршена селекцијата на наставните содржини кои би биле дел од новата програма и евентуално новите учебници и како истата би влијаела на поцеловитото претставување на пример на еден процес на формирање, растеж и пад на некоја цивилизација???1

     Како и сите образовни предмети, воедно и предметот историја во основното и во средното образование извршува повеќе образовни и воспитни функции, секако, со маргинализирањето на предметот историја во формалното образование од овој тип, голем дел од функциите можно е воопшто да не дојдат до израз при наставата, со оглед на логичниот заклучок дека многу помал обем на историски лекции би имал наставникот на располагање и истото би влијаело на потенцирање на овие цели и функции. Секако, иако не ја ставаме на прво место, сепак, предметот историја, гледано во светски рамки има и своевидна улога преку формалното образование во процесот на креирање на националниот идентитет. Оваа реформа би имала силно влијание врз одредено забавување на овој перманентен процес.

    Министерството се повика на одредени странски модели на образование, меѓудругите, повикувајќи се и на финскиот модел, но, во модерното информатичко општество може релативно лесно да се провери податокот дека во Финска не е воопшто точно дека е укинат предметот историја. Веруваме дека јасно може да се воочи дека секој образовен модел не одговара во секоја држава, со оглед на социјалните, економските, политичките и други клучни разлики. Државите на Балканот, чии општества кои на одреден начин би можеле да се третираат и како најблиски до нашето, се` уште не познаваат промени во образованието од овој вид, поконкретно за предметот историја, така што , не би можеле да имаме некаква историска позадина и искуство со овој модел преку кои би можеле да предвидиме до одреден степен некаков исход во однос на истиот. Би можеле да кажеме дека лесно се добива впечаток дека станува збор за генерално избрзана реформа, во период на светска пандемија, кога во реалноста, наставниците водат друга ,,биткасо онлајн наставата. Реформа, за која што јавноста не беше претходно информирана и немаше никаква дебата од соодветни стручни лица по однос на истата. Истата е најавена за идната година и овие услови во кои што се наоѓаме моментално со сигурност отежнуваат подготовка на наставниците во поглед на идното реализирање на промените кои што треба да се извршат.

    Засега, немаме конкретни потврди околу извесни промени во кадарот кои би можеле да се случат поради сите овие најавени измени во образовниот систем. На крајот од овој текст, оваа одлука која што без претходна најава и беше претставена на јавноста, остава простор за сомнеж дека повторно историчарите се жртва на политизацијата на исторската наука и историската настава и дека оваа реформа има одредена поврзаност со актуелните збиднувања околу спорот со Република Бугарија во однос на нашиот национален наратив и секако, правото на вето за членство на Македонија во ЕУ кое што Бугарија го користи за да ги оствари нејзините интереси во поглед на ова прашање.

   Како наставници по историја, веруваме дека можат да се изнајдат различни и подобри модели кои би ја задржале во глобала целината на предметот историја. Првенствено, би можеле да се почне од промената на програмите кои се стари речиси две децении, додека, поголемиот дел од учебниците се исто така приближно врсници на програмите. Со оглед на брзите општествени промени во модерното време, истите би требало да претрпат сериозни промени, секако и во поглед на развивање на повеќе елементи во програмата и учебниците за мултидисциплинарни разгледувања на одредени историски прашања при наставата, но, не на штета на предметот преку негова маргинализација на овој начин!  


Група наставници по историја    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

Potpiši ja ovaa Peticija

Со потпишување прифаќам дека Група наставници по историја ќе има можност да ја види целата информација што ја обезбедувам во овој формулар.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.


Давам согласност да се обработуваат информациите што ги давам во оваа форма за следниве цели:




Платено рекламирање

Ќе ја рекламираме оваа петиција на 3000 луѓе.

Дознај повеќе...