Барање за вметнување на профилот семејнолог

Почитувани,

Во Законот за социјална заштита, дипломираните семејнолози и стручњаци по родова проблематика се предвидени како кадри во установите за социјална заштита во член 194 (Стручните работи во установите за социјална заштита во зависност од видот на работата, ги вршат стручните работници: -со високо образование: дипломиран социјален работник, правник, дипломиран по јавна администрација/јавен менаџмент, психолог, педагог, дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор, социолог, економист, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач, стручњак по родова проблематика, семејнолог).

Меѓутоа, направен е превид во Законот, па профилот семејнолог  отсуствува во членот 197 од Законот, којшто ги предвидува категориите на работни места на вработените во јавните установи за социјална заштита.

На овој начин директно се прекршуваат правата на дипломираните студенти (семејнолози) на Институтот за семејни студии  Филозофскиот факултет – Универзитет св. “Кирил и Методиј” да се вработуваат како стручни соработници во установите за социјална заштита во Република Северна Македонија.

        Затоа, потребно е да се направи измена на Законот, со која ќе се дополни членот 197, односно (за вработените од ставот 1 на овој член се утврдуваат следниве категории на работни места:

        - категорија А стручни (дипломиран социјален работник, психолог, андрагог, педагог, правник, економист, лекар, дефектолог, логопед, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, социолог, здравствен работник, воспитувач и други)... да се додаде семејнолог во категорија А стручни.

        - ниво А4 самостоен стручен службеник во јавните установи (правник, економист, дипломиран, дипломиран социјален работник, психолог, педагог, лекар, дефектолог, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач и социолог )... да се додаде семејнолог во ниво А4.

        - ниво А5 стручен службеник во јавните установи (правник, економист, дипломиран, дипломиран социјален работник, психолог, педагог, лекар, дефектолог, андрагог, логопед, лекар, специјален педагог за превенција и ресоцијализација, здравствен работник, воспитувач и социолог )... да се додаде семејнолог во ниво А5.


Семејнолози    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

Potpiši ja ovaa Peticija

Со потпишување прифаќам дека Семејнолози ќе има можност да ја види целата информација што ја обезбедувам во овој формулар.


Давам согласност да се обработуваат информациите што ги давам во оваа форма за следниве цели:




Платено рекламирање

Ќе ја рекламираме оваа петиција на 3000 луѓе.

Дознај повеќе...