Петиција за поддршка на Др.Бобан Вучевски
Д-р Зоран Бобан Вучевски е обвинет за горење на модуларната болница! Зошто овој човек, одличен доктор е обвинет за горењето на модуларната болница?! Каква вина носи тој?! Со што придонел за горење на “кабелот”! Со тоа што е доктор и се грижеше за пациентите болни од Ковид19?! Каква поврзаност има грижа за пациенти со горење на кабел?! Нели кабелот беше “виновен” за предизвикување на несреќата?! Обвинение за господинот Кочо Анѓушев, човек кој ги градеше модуларните болници нема и зошто не?! Обвинение против поранешниот министер за здравство, господинот Венко Филипче нема и зошто не?! Или ајде да бидеме парадоксални како што ни е државата, како што ни е Судот, какви што ни е општествово и институциите, па да го обвиниле кабелот. Почитувани, Македонија стана сериозна закана за безбедноста на обичниот граѓанин. Македонија стана сериозна закана за слободата на обичниот граѓанин. Одиш на работа, се бориш за човечки животи, отсуствуваш со денови надвор од своето семејство, ги ставаш во спореден план и завршуваш како обвинет! Овие веќе одамна изгубија компас, тоа на многумина ни е јасно освен за одредени и одродени полтрони! Не знам како да се објаснам дека денес е Бобан, утре може било кој од нас, за да се исперат, за да си ги исперат убиените луѓе. Да, ова е убиство! Убиство на луѓе! Затоа што освен профитот, не им е битен човечкиот живот. Ова НЕ СМЕЕ да им помине!
СКОПСКИ, Тетово е со тебе!
Габриела Јаковска Kontaktiraj go avtorot na peticijata