Можност за трансформирање на работен однос на наставници по Ликовно и Музичко образование
Целта на оваа петиција е да се постигне разгледување на постоечка законска одредба и можноста за промена на истата со цел овозможување рамноправност на наставниците по Ликовно образование и Музичко образование (кои одржуваат настава во основно училиште застапена со фонд од еден час неделно а работат подолго време со нерешен работен однос во малите училишта) при остварување на правата за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време.
Како наставници по ликовно образование/музичко образование со над 2 години работно искуство кое во определени случаи достигнало и до 14 години (работно искуство) и кои се уште немаат добиено можност за трансформација на работниот однос бараме да се разгледа можноста за промена или дополнување на законската регулатива во делот за трансформација на работниот однос - Член 11, став 2 од Законот за наставници и стручни соработници (Службен весник на РСМ, бр, 161 од 05.08.2019 година) и да се овозможи правна и економска сигурност на наставниците преку засновање на работен однос на неопределено време.
Имено, според овај член наставникот за да добие трансформација на работниот однос од работен однос на определено во работен однос на неопределено време мора, цитирам: „Наставниците можат да засноваат работен однос на неопределено време и на пократко од полното работно време, доколку обемот на работата изнесува најмалку половина од работното време во работната недела и не предаваат изборни предмети, согласно со закон.“. Според ова ние како наставници мора да имаме минимум по 10 часа Ликовно образование/Музичко образование во едно училиште за да можеме да добиеме трансформација на работниот однос. Проблемот се појавува поради тоа што работиме во мали училишта сместени претежно во рурални средини со мал број ученици и за да добиеме полн фонд на часови (или потребниот минимум од 10 часа) мора да надополнуваме во неколку различни училишта. Со ова, по автоматизам отпаѓа можноста да имаме минимум 10 часа во едно училиште. Можно е да собереме евентуално до 8 часа од редовната настава во едно исто училиште. Со ова ние како наставници сме дискриминирани во однос на можноста да оствариме право на трансформирање на работниот однос на неопределено време. При тоа немаме ни право со изборни предмети да го дополниме тој фонд од 10 часа за трансформација на работниот однос. Има случаи кога се работи за испразнети работни места по основ на преземање или пензионирање значи училиштето има потреба од наставник по Ликовно образование или Музичко образование кој треба да се вработи на слободно работно место но не може да си го трансформира работниот однос поради членот од законот кој бара поголем број часови во едно исто училиште за трансформација на работниот однос а тие часови не смеат да бидат по изборни предмети. Исто така има случаи кога колеги по ликовно или музичко образование предаваат во две училишта кои се во една иста општина, во двете училиште местото е празно по основ на преземање, значи една иста општина ги плаќа средствата за нивното вработување,сепак, не можат да го трансформираат работниот однос затоа што името на училиштето е различно – се работи за две рзлични училишта иако и двете училишта припаѓаат и се финансирани од една иста општина.
Како резултат на ова:
- квалитетот и континуитетот на наставата секоја учебна година се менува со менување на наставникот по предметот;
- учениците и родителите се во незивесност за тоа кој ќе им предава наредната учебна година – дали ќе биде иститот наставник или друг;
- постои неизвесност и за наставникот како и неможност наставникот да го оствари законското право за трансформација на работниот однос;
- постои спреченост за професионален и кариререн развој и напредок на наставникот поради нерешен работен однос.
Стојан Дурланов Kontaktiraj go avtorot na peticijata
Управувајте со вашите потписи
Дали не ја примивте потврдната е-пошта или сакате да го отстраните вашиот потпис?
Управувајте со вашите потписиСподели ја оваа петиција
Помогнете оваа петиција да достигне повеќе потписи.
Платено рекламирање
Најавете се за да го управувате вашиот петиција. |
Дали има нешто што сакате да го промените?
Промените не се случуваат со молчење. Авторот на оваа петиција застана и презеде акција. Ќе го сторите ли истото? Започнете социјално движење со создавање петиција.
Започнете петиција самите виеДруги петиции кои можеби ќе ве интересираат!
ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013
15474 Kreirano: 2013-04-12
ОТВОРЕНО ПИСМО НА ЕВРОПСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
6348 Kreirano: 2015-10-26
И НИЕ СТУДЕНТИТЕ САКАМЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ !
6061 Kreirano: 2012-10-20
STOP ZA 5G
5740 Kreirano: 2020-03-26
Иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи во Шведска
5250 Kreirano: 2018-12-02
Petition to UNESCO - Against Discrimination of Macedonian Language
3809 Kreirano: 2010-11-16
Sloboda za Pale Ilovska. 23 godisna devojka od Veles, koja borejkji se za zdiv, vo samoodbrana izvrsuva ubistvo.
3425 Kreirano: 2021-09-30
ПЕТИЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
3044 Kreirano: 2013-03-16
Продолжување на породилно отсуство поради зголемениот број на заразени, меѓу кои и деца
1833 Kreirano: 2021-04-03
ДА СЕ УКИНИ ДОДАДЕНАТА МОЌ НА ПОТРОШЕНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 33
1733 Kreirano: 2013-03-16
Фатиме Фетаи како предлог за Јавен Обвинител на Р.Македонија
1729 Kreirano: 2017-06-08
Петиција за поддршка на Др.Бобан Вучевски
1715 Kreirano: 2022-09-08
Bitola saka cist vozduh
1709 Kreirano: 2014-09-04
Барање за вметнување на профилот семејнолог
1578 Kreirano: 2021-05-27
ПЕТИЦИЈА ЗА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА
1321 Kreirano: 2015-12-11
Барање од моторџиите во Македонија
1161 Kreirano: 2011-09-29
Петиција против најавениот концепт за основно образование од страна на МОН и против маргинализација на предметот Историја.
1042 Kreirano: 2020-12-17
Стоп за сапунските серии!
928 Kreirano: 2013-02-12
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ ДА ГО ОДБРАНИ СКОПЈЕ
695 Kreirano: 2013-04-09
Стоп за понижувањата со Евровизија 2021
612 Kreirano: 2021-03-14