Признавање на високото образование и специјализации на медицински сестри, техничари, акушерки, лаборанти, радиолошки техничари физиотерапевти

Помина повеќе од една година од ветувањето за признавање на високото образование и специјализации. Голем дел од нас добија само додаток на плата со образложение дека за краток период ќе ни се промени коефициентот. И не само што не го добивме ветеното туку  во некои здравствени установи, персоналот со високо образование кој добива  додаток на плата, се размислува да се исклучи од смени. 

Затоа со оваа петиција сакаме да го привлечеме вниманието на надлежните во министерството за здравство, односно на самиот министер г-дин Беким  Сали да ја исправи оваа неправда. Да се реши нашиот статус. 

П. С. Не знаеме кои сме, што сме, кои се нашите ингеренции. Заради ова во сите здравствени установи се нарушени меѓучовечките односи.

 


Иницијатива за донесување на закон за сестринство    Kontaktiraj go avtorot na peticijata