Лазороските ЛИВАДИ СО НАРЦИСИ СЕ СООЧЕНИ СО СТРАШНА ЗАКАНА ЗА НИВНО УНИШТУВАЊЕ

Лазороските ЛИВАДИ СО НАРЦИСИ СЕ СООЧЕНИ СО СТРАШНА ЗАКАНА ЗА НИВНО УНИШТУВАЊЕ

Лазороските НАРЦИСОВИ ЛИВАДИ бујна, убава и ВИСОКО ЗАШТИТЕНА област на ВЛАЖНИ ЛИВАДИ – ЕНДЕМСКИ ВИД со биолошка разновидност, флора и фауна, кој што вид на ливади е многу невообичаен и редок  во Македонија.

Лазарополе ( воендо и ливадите) е лоцирано во Националниот Парк Маврово – што претставува согласно Законот за заштита на природата - заштитено подрачје управувано главно за заштита на екосистемите и за рекреација, природна копнена област наменета за: А) ЗАШТИТА на еколошкиот интегритет на еден или повеќе екосистеми за сегашните и идните генерации; б) ЗАПИРАЊЕ (исклучување) на експлоатацијата ИЛИ на дејствата кои можат да наштетат на целие на заштитата; в) обезбедување основа за духовни, научни, образовни и други можности за посетителите, при што сите тие аткивности мора да бидат во склад со природата и културата.

Ливадите претставуваат посебен вегетациски тип со специфичен флористички состав, вегетациска структура и еколошки карактеристики, за чие зачувување многу значаен фактор претставува ЧОВЕКОТ , ОТТАМУ ИТНО БАРАЊЕ ЗА СТОПИРАЊЕ НА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ПАРЦЕЛА СО БРОЈ 118/1 ВО СЕЛО ЛАЗАРОПОЛЕ

Зошто ....

На официјалната страна на сајтот на ресорното Министерство увидовме дека е објавен јавен оглас  бр.03 од 24.06.2022 година за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари, и каде меѓу повеќето локации е наведена и парцела КП 118/1 за КО Лазарополе во површина од 393880м2, видно од Имотен лист бр. 110.

Но, ваквата одлука на ресорното министерство донесена со согласност на Владата на РСМ и

објавениот оглас со закажана седница за јавно наддавање на ден 23.07.2022 година се коси со

основните начела на постоење на село Лазарополе и неговите ЛИВАДИ ( ЕНДЕМСКИ ВИД НА

ЛИВАДИ – ВЛАЖНИ ЛИВАДИ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ЗАШТИТА ПО ПОВЕЌЕ ОСНОВИ), кои сега се

предмет на атак со можност за издавање под закуп, заради следното:

Сите граѓани на село Лазарополе (сегашни и поранешни жители) како сопственици на недвижен

имот (стари обновени куќи, нови куќи, викендици, стопански објекти, ниви, ливади и пасишта),

како и сите вљубеници и поддржувачи на село Лазарополе и неговата околина и пошироко на мијачкиот регион СЕ ПРОТИВ ваквиот атак врз „ливадите“ и гордоста на Лазоровци

(ЛИВАДИТЕ се душата на село Лазарополе).

Земјиштето предмет на објавениот оглас бр.03/22 од 24.06.202 година за издавање на земјоделско земјиште над 3ха, е интегрален и нераскинлив дел од село Лазарополе.

Тоа, во изминатиот временски период во целост било во сопственост на жителите на с. Лазарополе, но со формирањето на Земјоделската Задруга ,,Кочо Рацин“, прва во нашата земја, селаните своето земјиште го отстапиле (присилно здружиле) на новоформираната задруга, но не го отуѓиле од лична сопственост, ЗЕМЈИШТЕТО Е СОПСТВЕНОСТ НА ПРИВАТНИ ЛИЦА КОИ ШТО СЕ ВО ФАЗА НА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУС. Со укинувањето на задругата, а со тоа и на Земјоделска Задруга ,,Кочо Рацин,, земјиштето е пренесено на РСМ, видно од Уверение за историски преглед на извршените запишувања за КП 118/1 КО Лазарополе, бр.1107-234/2015 од 18.02.2015 година, и без консултација со поранешните сопственици ( жители од Лазарополе).

Во 2013 година започна активност од страна на тогашната влада за изградба на викенд населба ( сите државни институции беа вклучени во реализацијата Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за планирање напросторот, Агенција, Министерство за транспорт и врски, Национален парк Маврово, Општина Маврово и Ростуша, Агенција за катастар ид р.). Извршени се активности спротивно на Законот за заштита на природата, и сите други закони кои што ја ЗАШТИТУВААТ ПРИРОДАТА. Мала група локални жители спроведоа решителна и храбра кампања соочени со заплашувањата и заканите да го запрат уништувањето и да проценат што, доколку нешто, може да се направи за да се спаси областа. Беа испратени

ургенции до сите институции и СМЕТАВМЕ ДЕКА РАЗУМОТ ПРЕД ПРОФИТОТ ПРЕОВЛАДУВАШЕ И ДЕКА ЈА ЗАШТИТИВМЕ ПРИРОДНАТА УБАВИНА.

Одттаму произлезе Симоболот на заштитата на убавините НА НАРЦИСОВИТЕ ЛИВАДИ ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ФЕСТИВАЛ НА НАРЦИСОТ ЛАЗАРОПОЛЕ ЦУТИ“

 

Пред се причината за оваа манифестација е ЗАШТИТА НА ПРИРОДНАТА ФЛОРА И ФАУНА,

ЗАШТИТА НА ВЛАЖНИТЕ ЕНДЕМСКИ ВИД ЛИВАДИ - ЛИВАДИТЕ СО НАРЦИСИ , ЗАШТИТА НА ПРИРОДНИТЕ РАЗНОЛИКОСТИ ОД ЖИВОТИНСКИ И РАСТИТЕЛЕН СВЕТ, ЗАШТИТА НА ЕНДЕМСКИТЕ ВЛАЖНИ НАРЦИСОВИ ЛИВАДИ, ЗАШТИТА НА ЕНДЕМСКИОТ Lynx lynx РИС, Rupicapra rupicapra ДИВАТА КОЗА, Capreolus capreolus СРНАТА, Felis silvestris ДИВА МЕЧКА,

 

“Судирите на предаторските видови и човекот во суштина се продукт на социо ‐ економските и

политичките услови во регионот. Овие судири се потенцираат поради компетицијата помеѓу луѓето и предаторите во однос на лимитираните ресурси кои заеднички ги користат.

На подрачјето на Националниот Парк Маврово постои широк простор за судири на интересите со човекот, д причина што на ова подрачје егзистираат релативно бројни популации на крупните карниворни цицачи (волк, мечка и рис), како и релативно голем број на други карниворни видови со мала и средна големина.

Намалувањето на тензиите помеѓу одредени видови цицачи и локалната заедница, придонесува за помал антропоген притисок кон нив. Во таа смисла, мерките за заштита, превенција и компензационите шеми, во иднина мора да се развиваат и применуваат, како една од мерките за зачувување и заштита на цицачите во заштитеното подрачје.“ ( Студија за Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Национаен Парк Маврово“ изработена од стран на OXFAM Италија, по барање од стран на НП Маврово и Министерството за животна средина)

ЛИВАДИТЕ СО НАРЦИСИ

 

Што претставува самата манифестација ДЕНОВИ НА НАРЦИСОТ – ЛАЗАРОПОЛЕ ЦУТИ, таа ја поврзува локалната лазороска традиција со природното опкружување и воедно претставува механизам за афирмација на руралното културно наследство - нематеријално и материјално. ТАА Е ЗАШТИТНИК НА ЛАЗОРОСКИТЕ ЛИВАДИ СО НАРЦИСИ, ЕНДЕМСКИ ВИД НА ЛИВАДИ – ВЛАЖНИ ЛИВАДИ.

Самата манифестација се одржува со цел да се заштити и унапреди животната средина и да се зачуваат природните убавини.

Пред 8 години после речиси 30 години ја продолживме традицијата на нашите предци и

го возобновивме Фестивалот на Нарцисот, манифестација која што нашите предци секоја година ја одржувале во периодот на цветањето на нарцисите. СИМБОЛ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДНАТА РАЗНОЛИКОСТ.

Возобнувањето го започнавме на 23 Мај 2015 под мотото “Лебот го храни телото НО

НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата“. Традиционално со звукот на зурлата и тапанот кој беше огласен од нашите исто така традиционални придружници на фестивалот Мајовците . Посетеноста беше огромна, со дружба, песна и игра, со звукот на топаните заиграа сите присутни, со китки од нарцис во рацете со радост во душата......(- 23 Мај 2015 година - Лебот го храни телото НО НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата; - 28 -29 мај 2016 година - Лебот го храни телото НО НАРЦИСИТЕ ја освежуваат душата – ПОД мото ЉУБОВ; -20 Мај 2017 година – Продолживме со мотото ЉУБОВ; “Силно ќе ги отвориме очите на ДУШАТА и преку НАРЦИСОТ ќе ја споделиме ЉУБОВТА . Љубов за НАРЦИСОТ, Љубов за УБАВИНИТЕ, Љубов за ЖИВОТОТ, Љубов за ЧОВЕКОТ.“ ; -25 Maj 2018 година - мото ЛАЗОРОСКА ТОРБА НА ИДНИНАТА - да ги ставиме во заедничка торба сите наши знаења, обичаи, традиција, искуства, вештини и ресурси во функција на зачувувавање и унапредување на природната убавина, културното наследство, поддршка и зајакнување на семејните вредности ,унапредување на дијалогот и заемното разбирање меѓу луѓето од различни нациноналости и етникми, религии, култури и цивилизации, заштита на опкружувањето и учество во поддршка и развој на одржливиот развој, развој на туризмот, поттикнување и зачувување на старите занаети и нивно искористување како потенцијална туристичка атракција се со цел осигурување на нашата иднина.; - 25 Мај 2019 година, ФЕСТИВАЛ НА НАРЦИСОТ ЛАЗАРОПОЛЕ ЦУТИ 2019 – 5 годишен јубилеј. Мoто на фестивалот ЛАЗОРОСКА НОСИЈА – културно наследство. Нa 25 мај 2019 година ја одбележавме манифестацијата која што се реализираше под мотото КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО - ЛАЗОРОСКА НОСИЈА;

Оваа 2022 година Фестивалот на Нарцисот - Лазарполе Цути 2022 година ќе се одбележи под мотото:

“ Расцутениот Нарцис симбол на поврзаноста на животот и вечниот живот на човековата душа - поврзаност на минатото, сегашноста и иднината.”

Доставени се ургенции да се повлече ИТНО ОГЛАСОТ ВО МИНСИТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ, ВЛАДАТА НА РМ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ( И ДО ДРЖАВНИОТ СОВЕТНИК НА ИСТОТО), ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ, НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО, НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, АГЕНЦИЈА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ, ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА.

 

Петицијата е иницирана од Месната Заедница на село Лазарополе, Здружението на поранешни жители на село Лазарополе и Манифестацијата Лазарополе Цути - Денови на Нарцисот.!!!

СПАС НА ЛИВАДИТЕ СО НАРЦИСИ (СТОПИРАЊЕ НА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП)    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

Potpiši ja ovaa Peticija

Со потпишување прифаќам дека СПАС НА ЛИВАДИТЕ СО НАРЦИСИ (СТОПИРАЊЕ НА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП) ќе има можност да ја види целата информација што ја обезбедувам во овој формулар.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.


Давам согласност да се обработуваат информациите што ги давам во оваа форма за следниве цели:




Платено рекламирање

Ќе ја рекламираме оваа петиција на 3000 луѓе.

Дознај повеќе...