ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #1289

2013-05-22 07:35

Немам ништо против екстерното оценување, отсекогаш постоеле просветни инспектори кои ја оценувале работата на наставниот кадар и тоа е оправдано и нормално, НО: таа оценка да влезе во крајната??? По која логика? Па нашиот систем подразбира периодично оценување, а не 1 годишно! И што се случува сега: професорите, успаничени за својата положба, вршат таков притисок врз учениците, да јадниве и да знаат нешто, ќе згрешат на тестот!
Почитувани оние кои треба да ги оцените професорите, свесни ли сте колкава штета им нанесувате на учениците? Ѕирнете малку во училниците каква е состојбата сега, оваа недела! Редовни писмени, тестови и испрашувања за крајна оценка и згора на се` таков невиден притисок во стилот „леле, кај баш тебе те избраа за мојот предмет...“ и, најдете поинаков начин за оценување на професорите, НЕ НА ШТЕТА НА УЧЕНИЦИТЕ!!!