ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #1282

2013-05-22 05:53

Дали воопшто постои некој надвор од членовите на Министерството за образование што е ЗА екстерното оценување?
Ако има, чисто се сомневам дека личноста многу вложила во своето образование, или пак има деца кои цела година се трудат да го постигнат најдобриот можен успех.

Јас не сум совршен ученик. Има многу денови кога не сакам да учам, сум пропуштила да напишам неколку домашни работи и ми се случило да се појавам на училиште не спремна за часот.
Јас сум човек, исто како и сите вас.
Но, сакам да го живеам животот со добар факултет, добра работа и да им обезбедам добра иднина на мојата сегашна и идна фамилија. Па затоа, додека беа во тек натпреварите, освоив 2 први места на државни натпревари, а за регионалние да не набројувам. Земав стипендија една година, па Министерството ми ја укина поради нивна грешка. Не дозволив тоа да ме демотивира, напротив, учам уште повеќе од тогаш.
Сум запишана на математичко подрачје и имам 9 часа математика неделно. Замислете како изгледа оценувањето - ни се поклопуваат сите тематски, сите полугодишни и сите годишни тестови и писмени во период од 2 до максимум 3 недели. Значи, ако не учам со ред, нема шанси да поминам со сите петки. Епа така, учам цела година скоро секој ден, а истото го прават и мнозинството од моите соученици. Од 25 ученици, со просек 5.00 се само 4-5 ученици. Јас имам една четворка по предмет што ми е многу тешко да го совладам. Во суштина, и математиката ми е тешка, и не сум на исто ниво со некои од другите петки во класот, но професорот гледа дека редовно работам, дека учам и постигнувам најмногу колку што можам и дека тестовите ми беа многу лоши откако ми пиша 3. Тогаш бев под притисок да ја поправам оцената и нон стоп правев грешки. Професорот ми пиша 5 на полугодие, и од тогаш ми се нема случено да изгубам ниту еден поен на тестовите по математика.
А, сега го чувствувам притисокот на екстерното. Што ќе се случи ако се блокирам сред тестирање и тестот ми е слаб? Зарем тоа ќе биде оцената на се што сум постигнала низ текот на целата година?
И нека ми објасни некој што знае, како можам јас да ги памтам сите латински имиња по биологија и сите функции на градителите на човекот до детаљ, или пак секој датум по историја, секоја формула по физика, секоја реакција по хемија...?
Спрема министерството, за 5ка, ученикот мора се да знае безпрекорно.

Дали постои таков ученик кој во 60 минути ќе го изрецитира цел учебник по биологија?
Да ни даваа тестови на секое тромесечие ќе беше добро.
Нека ни предаваат професорите, а нивните тестови нека не оценуваат.

Ве молам размислете што ни правите нас на децата, учениците, и дали воопшто вреди.