ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #1277

2013-05-22 01:14

Причини зошто треба да се укине Екстерното тестирање:
1. Тестот од 30 прашања со заокружување е тест на препознавање ( Препознавањето се оценува со оценка 2 или евентуално 3 ). За да биде квалитетен еден тест покрај заокружувањето, мора да има и задачи со дополнување, самостојни одговори, опис на некоја личност, појава, процес, реакција и така натаму ( Бирото за развој на Образованието и МОН бараа такви тестови да правиме). Заклучок: Самите се демантираат - Тестот не е по нивните стандарди.

2. Објективно или реално оценување или како сакате кажете го... не постои. Тој професор кој што ви рекол дека реално оценува ве лаже вас, а се лаже и самиот себе.....Професорот треба да се труди да биде професионален и објективен ( и покрај неговата субјективност од различни причини ) во оценувањето. Денес читам во Нова Македонија наслов:„ Подгответе се за објективно оценување “. Уште една голема лага. Заклучок: Професорот кој 9 месеци работи со ученикот не може да го оцени реално, а не пак еден единствен тест направен од луѓе кои немаат еден единствен ден во образование, не работеле со деца, и кои залутале во министерството за образование.

3. Оценката е збир на повеќе активности на ученикот во текот на наставната година: Тестови, Писмени работи, Усни одговори, Реферати, Проекти, Активност на часот, Формативно и Сумативно оценување, Дополнителна, Додатна и Консултативна настава, а со некој минимален процент застапени се и Редовноста и Дисциплината на часот. Заклучок: Тестот за екстерно оценување не исполнува ниту еден, единствен услов од горенаведените.

4. Дискриминација на Наставниот кадар. Наставниците по Музичко образование, Спорт и спортски активности, Ликовно образование, Технички науки и Практична настава ќе ги оценува училишна комисија формирана од директорот, педагогот и тројца професори од колективот. ( Денеска имам информација дека оваа група на професори ќе бидат ослободени оваа година од оценување ). Наставниците од II до V одделение ќе бидат оценувани со екстерни тестови 2 пати во 4 години, а 2 пати ќе ги оценува училишната комисија, а наставниците од I одделение само со училишна комисија. За Педагозите и Психолозите нема никакво оценување. За другите групи наставници секоја година ќе важи екстерно оценување
Заклучок: Поделба на наставниот кадар на неколку категории....Привилегирани, Полупривилегирани, Сезонци и Казнена Експедиција

5. Награди и Казни или поточно Злосторство и Казна. Рангирање на Наставниците и награди за првите 20 %

( регруртирани од првите две горенаведени категории, можно е и по некој сезонец) и казни за последните 20 % (регрутирани од казнената експедиција, можно е и по некој сезонец ). Дека ќе казнат......сигурен сум, а дали ќе наградат....искрено се сомневам. Заклучок: Во недостаток на креативност и идеи за унапредување на образованието и образованиот процес, во недостаток на машкост да отпуштаат од работа професори ( кој очигледно ќе останат без часови со нашиов кинески наталитет ) или пак да го решат тоа прашање со намалување на фондот на часови и бројот на деца во паралелката, господата од МОН го измислуваат екстерното тестирање за да имаат оправдување за казните и отказите од работа.



6. Технички услови....за одржување на еден ваков голем проект да бидеме искрени сите од Министер, преку Директори, Наставници, Ученици и Родители....Нема....
Заклучок: Нема да коментирам детали од проектот компјутер за секо дете преку уништена опрема до нефункционирање на системот....добро се познати на сите гореспоменати.

7. Неорганизираност на МОН околу подготовките на Екстерното. Наставниците не се информирани навреме и доволно, за учениците и родителите да не правиме муабет...... Пр 1: Ќе се полага 40 минути, па после 60 минути, оценките од тестовите нема да влегуваат во среден просек, потоа ќе се вадела средна оценка, за од крајот на април да ни кажат дека ќе се сметаат во среден просек двете оценки......Пример 2: Учениците ќе бидат известени кои предмети ги полагаат најдоцна 10 дена пред екстерното, за потоа да ги известат 5-6 дена пред тестирањето, за уште подоцна да им текне дека ги згрешиле списоците со ученици и предмети. и на крај 3-4 дена пред оценувањето да пратат нови списоци со нови предмети за учениците....И тоа во една учебна година.
Заклучок: Зар е потребен!!!!!!!!!

8. Родители.
Замислете сега како им е.....ама можам јас да замислам, кој што сум професор и кој има дете што ќе полага екстерно........овие од БРО и МОН не сум сигурен дали можат да замислат......ниту се професори, ниту ученици, ниту родители (ова последново да не ме сфатат погрешно со оглед на нивната возраст ) ама важно ќе не оценуваат.
Заклучок: Препуштен на родителите.

9. Ученици.
Дека учениците не се тоа што беа порано не се.....дека учат се помалку и помалку..... согласен сум. Но тоа никако не значи дека се помалку интелегентни од претходните генерации...напротив....За тоа вина носиме професорите, родителите, самите ученици, но најголемиот дел од вината е во нашиов Анархичен Систем во кои вредностите се изменија и се изместија....Вредност е да добиеш висока оценка, а не да знаеш, вредност е да земеш сертификат, диплома или друг документ, а не да се прашаш дали ја заслужуваш истата и.т.н. да не набројувам.... го оставам тоа за вас.....Со ова екстерно тестирање ќе ги оштетите и казните токму учениците кои највеќе учат и се трудат, а ќе ги наградите учениците кои биле мрзливи цела година....Знам, а и знаат учениците кои имаат двојки дека книга нема да отворат.....Жалосно за децата кои се труделе цела година......
Заклучок: Оставен за Учениците.

10. СОНК.
Постои ли такво нешто???? Ако постои да се самораспушти под итно.....Кое лицемерие.... на 24 Мај ќе протестирале пред МОН..генијалци....Е арно ви текна...Ова понижување од МОН за наставниците заслужуваше штрајк многу поодамна, а не да се криете зад децата ( учениците )....Први кои треба да излезат да штрајкуваат треба да бидат наставниците, па после сите засегнати страни.
Заклучок: 100.000 Наставници, 200 000 ученици, 400 000 родители, прават бројка од 700 000 луѓе( грубо кажано )...епа заклучете што значи таа бројка.....ВО СЕКОЈ СМИСОЛ.

10. Општо.
Единствен кој што може да го оцени ученикот
( барем приближно до т.н реално ) е Наставникот... никој друг.

Единствен кој може да го оцени наставникот
( барем приближно до т.н реално ) е ученикот/учениците и никој друг и тоа според некои стандардизирани анкети....
Еве ви и еден пример како тоа да се изведе....

а) Планирање и подготовка на наставата
б) Начинот на поучување ( одржување) на наставата
в) Создавање на средина ( клима ) за учење
г) Интеракција со учениците и родителите
д) Професионализам и одговорност
ѓ) Постигања на учениците

Па потоа врз добиените резултати од овие анонимни анкети направени од учениците за секој еден наставник, направете ранг листа на натавници..па делете совети, казни, награди, откази.
Заклучок: Единствено мерило за работата на Наставникот и Ученикот е нивното меѓусебно оценување.

 

Има уште 1000  „Зошто “, ама нема ни 1 „ Затоа “