Асфалтирање на патот до манастирот СВ.Петар и Павел во с.Брежани

Петиција  за aсфалтирање на патот до манастирот СВ.Петар и Павел во с.Брежани

Брежани се наоѓа на 25 километри воздушна линија од Охрид помеѓу планинските масиви Илинска Планина и Мазатар на надморска височина од 985 метри. Со магистралниот пат ОхридСкопје се поврзува кај селото Ботун. Од Ботун патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Се ноѓа на 6 км.јужно од селото Велмеј. Од градот Охрид е оддалечено 42 километри. Сместено е во крајниот југоисточен дел на областа Дебарца вово горниот тек на Брежанска река. Во долината на Брежанска Река се редат извор до извор, поради што народот вели дека Брежани има добра земја, здрава вода и убав свет. Илинска Планина источно од Брежани се поврзува со Плакенска Планина, при што тие претставуваат единствен планински венец кој се протега во меридијански правец север - југ. Кај Брежани се наоѓа преминот (превојот) помеѓу областите Дебарца и Железник (Демир Хисар), поради што во минатото на овој простор активно бил развиен сообраќајот.Тука поминува и патот Виа Егнација

ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ НА     ВИКИПЕДИЈА/БРЕЖАНИ

https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/543186_426158964075256_233762692_n.jpg

За сите што пуштат бесмислени пораки , ова не политичка антиреклама.Ова петиција за асфалтирање на пат во должина од 100 метри.Патот водит до манастирот Св Петар и Павле , кој во последниве 10 години барем еднаш во годината ги сполти сите брежанци и голем број други од соседните села. Благодариме на сите што ја потпишаа петицијата , и на тие што ќе ја потпишат!