ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ НАПЛАТА НА ПАРКИНГ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
До
Совет на општина КОЧАНИ
Во врска со НЕКОНСТРУКТИВНИОТ ПРЕДЛОГ на Локалната самоуправа на град Кочани за ВОВЕДУВАЊЕ ПЛАТЕН ПАРКИНГ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ, ние, овде потпишаните група граѓани, ги застапуваме ставовите:
1. Јавната површина обележана за паркинг во централното градско подрачје Е ВЕЌЕ ПЛАТЕНА ОД ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ при нејзината изградба. Според тоа, континуираното повеќекратно наплатување на паркинг просторот претставува непотребен трошок на граѓаните и противправно богатење на стопанисувачот со паркинг просторот, без оглед дали доаѓа од јавниот или приватниот сектор.
2. Воведувањето платен паркинг:
• ќе ја ограничи слободата на движење на моторните возила и граѓаните воопшто
• ќе направи дополнителна разлика помеѓу богати и сиромашни
• ќе ја намали ефикасноста на проток на возила кои имаат потреба да застанат на некоја точка во централното градско подрачје на пократок рок, со што директно ќе ги загрози потребите на граѓаните
За таа цел БАРАМЕ:
1. Локалната самоуправа да се откаже од воведувањето платен паркинг на јавната сообраќајна зона од централното градско подрачје.
Во таа насока, даваме предлог Локалната самоуправа на потенцијалниот концесионер да му даде локација во поширокото градско подрачје, кое ќе го уреди како платен паркинг и со кое ќе стопанисува легално
2. Во поголемиот дел од центарот да се избришат постоечките обележани (исцртани) паркинг места заради нивна нефункционалност и стеснување на улиците низ кои сообраќајот се одвива отежнато
3. Да се укинат сите дополнителни фискални обврски кон даночните обврзници на град Кочани и да се заменат со разумни инвестиции во согласност со финансиската моќ на граѓаните.
Се надеваме дека ќе покажете соработка и разбирање за нашите потреби, како лојални граѓани кои по разни основи го даваме својот придонес за функционирање на општината.
Во продолжение следуваат потписите на граѓаните кои ја даваат својата поддршка.
(Вашиот мејл нема да биде видлив или достапен на трета страна иако е задолжително поле)
Александар Симеонов Kontaktiraj go avtorot na peticijata
Соопштение од администраторот на оваа веб-страницаЈа затворивме оваа петиција и ги отстранивме личните податоци на потписниците.Уредбата за заштита на личните податоци на Европската унија (GDPR) бара легитимна причина за зачувување на личните податоци, и податоците да се зачувуваат за најкраток можен временски период. |