Петиција за обезбедување настава по изборниот предмет Психологија на личен развој
Ние, студентите од трета година, прв циклус на студии на Филозофски Факултет - Скопје, на студиската програма психологија, молиме продеканот за настава да ни обезбеди настава по предметот Психологија на личен развој, со код ПС605И/18, изборен предмет од VI семестар, последно активен во минатата учебна година 2019/2020. Предметот претходно бил реализиран од страна на предметниот наставник проф. д-р Благоја Јанаков, кој од месец октомври 2020 година е во пензија.
Доколку од Деканатот не се во можност да ни ја обезбедат наставата по предметот Психологија на личен развој во текот на VI семестар, затоа што предметите од истиот се веќе запишани или пак затоа што времето не дозволува, молиме за можноста предметот да го избираме нареден, зимски семестар, учебна 2021/2022 година, како трет изборен предмет од листа 5 од Прирачникот за студенти.
Би сакале да нагласиме дека сметаме дека до сега имало доволно време за да се обезбеди нов реализатор на наставата. Особено би сакале да нагласиме дека по третпат ни е повредено правото на избор на предмет, со тоа што овој пат изразуваме крајно незадоволство.
1. Првиот пат ни беше скратена можноста за избрирање на предмет од изборната листа 1, Емоции и когниција, со код ПС306И/18, од III семестар, чии реализатори требаше да бидат проф. д-р Огнен Спасовски и д-р Филип Сулејманов. Во истата листа тој беше трет наведен предмет, со можност за избирање на два предмети, така што двата преостанати изборни предмети бевме принудени по авотматизам да ги избереме, а не по наша волја.
2. Вториот пат ни беше скратена можноста за избрирање на предмет од изборната листа 2, Психологија на хумор, со код ПС407И/18, од IV семестар, чиј реализатори требаше да биде д-р Филип Сулејманов.
Значи, ние, студентите од трета година, прв циклус на студии на Филозофски Факултет - Скопје, на студиската програма психологија молиме да биде реализирана настава по предметот Психологија на личниот развој, меѓу другото поради многуте практични сознанија кои би ги стекнале доколку се обезбеди настава, како и поради многу високото вреднување на предметот и стекнатите сознанија од страна на постари колеги и колешки кои веќе го слушале истиот.
Александра Богдановска Kontaktiraj go avtorot na peticijata