ПЕТИЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ

Quoted post


Gostin

#10

2013-03-16 23:38

Би требало да бидат направени и измени во врска со домашните кучиња, бидејќи кога некој ќе фрли отров и со тоа ќе убие нечие куче, куче кое било толку внимателно одгледувано, сакано и чувано, не само што се нанесува материјална штета со „пропаѓање“ на незаменлива ствар, туку се нанесува и душевна болка, а да не се споменува што отровите се фрлаат во близина на места каде што има мали деца, што значи тука има и можност за кривична одговорност...Но зошто би очекувале некакво подобрување на режимот за уличните кучињата и домањните миленици кога нашава држава неможе да се справи со хулигани, со убијци, па колку би имала работа доколку треба да се грижи и за животните..Во некои равиени земји има и посебна полиција за миленици, но ние тоа можеме слободно само да го сонуваме...

Replies

Исчифутен

#14 Re:

2013-03-17 12:27:24

#10: -

1. Кога се фрла отров не се фрла во лижавче па да може тоа мало дете да се повреди.
2. Да, фрлаат отров комшиите, посебно кога тоа нечие толку внимателно одгледувано, сакано и чувано куче нападнало некој и константно лае, а газдата е толку слеп што не сака ништо да превземи околу тоа.
3. Доколку на државата не и беа приоритет хулиганите и убијците, вие немаше да бидете во можност да пишувате сега овде.
4. Во многу развиени земји има и шинтерски служби на кои им е дозволено на лице место да успијат животно доколку сметаат дека е опасно, а не да плачат зошто некој успал загар што вчера му го нападнал синот кога се враќал од училиште.