Petition to UNESCO - Against Discrimination of Macedonian Language

Тони Ристов
Gostin

/ #5 Македонија се бори со глас

2010-11-16 21:48

Почитувани,
Битката за нашиот јазик, идентитет, културни и цивилизациски вредности ниту од далеку не е завршена! Се лажат сите оние кои мислат дека обичното повторно впишување на македонски како јазик во графите на ООН, е победа или состојба нерешено со противниците на постоењето на Македонија. Напротив, тоа повеќе личи дека нас не третираат како расплачено детенце на кое ќе му дадеш лижавче и ќе престане да цимоли. Ние не смееме да се задоволиме со тоа дека „еве сега ни го впишаа повторно името!“. Што ако утре повторно на некого му текне да си поигра и повторно да го избрише? Повторно ли ќе цимолиме? Не! Сега треба сите Македонци по род, земја, душа да станеме, цврсто да застанеме и гласно да викнеме дека не прифаќаме некои си таму „белосветски протуви“ да си поигруваат со нашите чувства и нашата иднина. Сега Македонија се бори со глас! Со ставање потпис! Со име и презиме! За да види светот дека не има! Дека сме тука! Нивни соседи! Нивни сожители на планетава Земја! Дека сме непокорни и тврдокорни! Дека сме Македонци, кои зборуваме мајчин македонски јазик! Кои имаме пишана литература на мајчин македонски јазик! Сме превеле илјадници книги на нашиот мајчин македонски јазик! Дека децата ни учат мајчин македонски јазик и дека и нивните деца ќе учат македонски јазик од нив наследен и научен!
Нека запеат повторно горите македонски нови песни нови весници: Македонија, македонски јазик, македонско писмо, македонски народ, македонска култура!
Стани и дај го својот глас! За себе! За коските на твоите предци! За иднината на твоите деца!
ЗА МАКЕДОНИЈА!