ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Христијанин

/ #2088 Re: Re: Re:

2013-07-04 13:12

#2086: - Re: Re:

Христијански не е да мразиш. Ниту православните Македонци, како христијани, не се карактеризираат со верска омраза.  Ова е форум на кој се бара укинување на екстерното тестирање. Не е форум на кој би се повикувало на верска војна помеѓу православието и целиот свет кој не е православен (дури и дел од православниот). Екстерното тестирање и инаетот на министерот  Ристовски и МОН го навредува целиот образовен систем. Неподготвеното и страшно лошо реализирано екстерно тестирање оштети огромно мнозинство  ученици и се заканува да казни наставници зашто добро си ја вршеле работата. Се прекршија закони, се пракршија правила, се прекршија етички норми. Оштетени се ученици од сите вери и националности. Погледнете какви повторни протести има во Тетово. Тие ученици протестираат против екстерните тестови, еднакво како и сите други засегнати ученици, родители, наставници во Македонија. Тоа не се стнички протести. Погледнете ја страната на  mof.mk и, ако навистина сакате да се стори нешто против ова екстерно, повелете да ја потпишете петицијата. Имате распоред каде и во колку часот се потпишува петицијата.