ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Eksterno Testiranje

/ #2058 Eksterno Testiranje

2013-06-29 09:58

Страмота за министерството за образование наместо да ги поттикнат децата за својата иднина тиие им го одземаат своето право со еден збор ги трескаат од земја,ги отценуваат со 30 прашања кои не се мерило за нивното знаење ниту пак мерило за наставниците и професорите.Има деца кои знаат да се изразуваат усно но незнаат писмено,ова тестирање за сите нас е стрес кое најмногу се одразува на учениците наставниците но и на нас родителите.Ова тестирање е голема утка само да го расипе успехот на децата кои се труделе во текот на 10 месеци да го научат тоа што го научиле и што го заслужиле.Многу од родителите сме револтирани и сметаме дека треба да се укине ова нивно тестирање и да се воведе тестирање за сите оние што го измислија ова и да видиме дали заслужуваат да седат на тие фотељи и да донесуваат закони за другиот народ.