ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #1936

2013-06-12 12:13

Првите резултати на 14. јуни ќе ги добијат одмоодделенците, бидејќи на 24. јуни ги очекува првото пријавување во јунскиот испитен рок за запишување во средните училишта.

Останатите ученици резултатите ќе ги добијат од 17-ти до 21 јуни. Тогаш ќе биде и втората сесија од екстерното тестирање за околу 15.000 ученици кои од оправдани причини не беа тестирани во првата сесија. Мал процент ученици или одделенија ќе бидат тестирани вторпат поради неправилности кои биле утврдени од просветните инспектори, кои во текот на процесот извршиле 320 надзори на училиштата.

Екстерното тестирање го полагаа ученици од четврто одделение до трета година средно. Тестот траеше 60 минути и содржеше 30 прашања на мајчин јазик на ученикот. Оценките што ќе ги добијат од тестирањето ќе бидат впишани во свидетелство и ќе влијааат на вкупниот успех.

Ранг-листата на наставниците според отстапките што ги имале во оценувањето ќе биде готова по неколку месеци зашто, како што рече министерот Ристовски, таа ќе се прави според разновидни параметри и ќе се анализира заедно со СОНК.