ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #1811 Re: Re:

2013-06-01 07:05

#1809: - Re:

Основен проблем не се ниту глупите прашања (а дека се глупи, глупи се!) ниту бројот на пршања за албанската историја (во тестот по историјс за 2 година средно). Останатите прашања во тој глупав тест беа еднакво без никаква врска со наставната програма за албанските колку и за македонските ученици. Основен проблем е тоа што прашањата од тестовите воопшто не се од материјалот и со нив ниту може да се утврди кој ученик колку заслужил, ниту дали таа оценка се поклопува со оценката од предметот, зашто НЕМА БЛАГА ВЕЗА ниту со предметот ниту со материјалот што е предвиден за таа година. а тој материјал и тие учебници се одредени (односно печатени) токму од МОН. Уште помалку моќат да ги оценуваат( и уценуваат со казни!!!!) наставниците, зашто луѓето предавале и оценувале според програмата, а не предавале се и сешто, туку својот предмет. И така, професорот по англиски ќе одговара затоа што децата не ги учел за потеклото на пандата; македонистот зашто не го разјаснил убаво поимот - акробат; историчарот зашто во историјата на Македонија не ги информирал (и испитал, секако) за Напшолеопн, Америго Веспучи, независноста на САД; поразот на Наполеон и неговата горка заточеничка судбина.