ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Гостин

/ #1007

2013-05-21 15:02

Учениците се доволно под стрес заради секојдневните тестови по предметите и испитувањата за конечно оформување на оценката. Преопроварени се и преморени. Згора на сето тоа, морат да повторат цел материјал од два предмети. И на факултет материјалот се полага преку колоквиуми за да не бидат студентите оптоварени. Изгледа децата можат да бидат оптоварувани колку што тоа ќе си посака МОН. Да не ги спомнуваме и специјалните средни училишта, како на пример уметничките,кајшто веќе сите предмети се полагаат пред повеќечлена комисија и во коишто можат да се тестираат учениците само по споредните предмети. Вистина, наведени им се и предмети кои не можат технички да се проверат со тест. Ако го додадеме и тоа дека ова тестирање го девалвира континуираното оценување на ученикот преку комплетно следење во текот на учебната година, тогаш се поставува прашањето зошто овој процес воопшто да постои. Да им дадеме учебници на учениците, на крај да ги испотестираме. Ионака само тоа оценување е меродавно, нели?