ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013

Стоп за Ектерно!!!

/ #974

2013-05-21 14:19

Еден ученик неможе да се оцени со еден тест - екстерно , и наставниците неможат да се казнат така, затоа што можеби во тој момент ќе му се ,,блокира,, мозокот и знаењето на ученикот и нема да може на ништо да се сете - сите сме имале такви моменти. Затоа што можеби ученикот редовно цела година носел : проекти,домашно... а најважно бил активен и дигал рака. Исто така тука е и усното испрашување кое е и многу важен дел од оцената после писменото- и многу ученици повеќе знаат да се изразат усно отколку писмено исто така и многу наставници не прават тест испрашуваат само усно!
Втора важна работа можеби ученикот на првото тромесечие имал 3 а на последното 5, а ако на екстерното ги згреше прашањата што биле за 1вото тромесечие(бидејќи имал 3) и изваде 3 со тоа неможе да се казне. Посебно македонски неможе да се гледа по тест бидејки тука се: лектири, презентации, писмена работа, активност, домашно...
Трето: Компјутерите многу кочат(иако тоа не е ваша работа) но сепак за да преминеш на следното прашање одзима 1 мин што со тоа си го намалуваш времето.
Четврто: Ученикот имал 3 на крајот , а на екстерното изваде 1 - објаснете ми како ќе ја запишете 1 во сведителството(дека кажавте дека позади на сведителството ќе ги пише оцените од екстерното) кога 1 не се пишува во сведителство. И веќе ако давате екстерно по организирајте го !!! Барем ако давате дајте само за тоа тромесечии (макар и полугодие) неможе со крајната оцена ученикот да се оцени за цела година кога секоја оцена е за одредено тромесечии и период!!!!!
Плус ученик неможе за 1 недела да го повтори цел материјал од книгата ! Тешко на тие што му се паднало математика бидејќи постојат 1000000 формули кој може да ги запамте - па дури ни вие.
А и со предметите мене ми се падна Хемија и Биологија а со тоа имам цела година 5 - а физика таа наставничка ме мразе и постојано од неа имам 3 па неможете ли да забележите дека покрај сите 5ки имам физика 3 !!! Или пак на некој екстерно ќе полага 27 и 28 ??? за што попрво да уче ученикот ??па дај малку организирајте го инаку сите ние може да се договориме и ниеден да не отиде на екстерно или нешто друго - за кое уште сега се спремат планови!!!