ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #959

2013-05-21 14:10

На секој пет минути на радио вртит реклама „Ученици, дали сте подготвени за екстерните оценувања?“ или „Родители, дали сте подготвени за реално оценување на вашите деца?“ и водител кој го кажвит ова како да најавјат позната фаца на Оскарине.
Добро, а зш да ни се родителите спремни? Не че ги оценвет нив.
И зш реално оценувањето? Тие мене за 3 сати че ме оценет за цела година шо сум станвела на час да кажвам, да поправам, да објасвам, за то знаење, за дисциплина? Плус два дена однапред кажано за кој предмети че не тестирет.
И шо, ако го утнам тестот, не знам нишо во животов, цела година нишо не сум учела? А ако ја одговорам све точно, некој друг препишит све, тој цела година све знаел, дисциплиниран бил?
Ај министерон за образование нек ни ја објаснит логиката, пошо не мислам дека сме толку глупи да не ја гледаме. Демек ко европскине држави да сме? Таму сите че напишет све и другиот ден уста ко че отворет на час не че знает шо да кажет.
Остај то, не било за нас, за професорите било... Убо, ова година нек е така... И другата година нас исто че не гледет професорине? - Не вервам. Неправилно оценвет ако ние ја утниме работата? - Не, тие цела година работет со нас.
Плус ако се најт некој „малу поинаков“ ученик, намерно све да остајт неодговорено за да му наштетит на некој професор.
Ај нек ми паднит историја... И натпросечно интелигентна да сум и не че научам 300 години и настани од цел учебник (ги избројав). Ниту пак формулине по математика или физика. Недај Боже работава, човек да не знајт шо да докажит...

Не ми е целта да се карам со било кого, ова е само мое мислење :))