ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #859

2013-05-20 19:38

Постојано се инсистира на тоа во оценката на ученикот да биде внесена и активноста на час, а со тоа што МОН дава екстерно тестирање, целиот труд на ученикот во текот на целата учебна година пропаѓа во вода.

Или нека не се прават (тематски, тромесечиски, полугодишни и годишни) тестови во текот на целата учебна година, наставниците само нека предаваат, па на крајот од годината или на полугодие, МОН нека ги тестира учениците за нивната целокупна работа тоа полугодие или нека не им додаваат непотребни стресови на учениците на крајот од годината кога наместо да учат за тестовите и испрашувањата кои им претстојат, тие се потресуваат за тоа како ќе поминат на екстерното тестирање и дали оценката ќе им биде пресметана во просекот.