ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #440

2013-05-11 08:03

која е поентата за ова измислено екстерно тестирање? Дали некој може да ми го објасни? Дали треба да ги проверат наставниците и професорите колку биле активни во текот на годината или учениците колку стекнале знаење?
Кај децата од помала возраст им се наметна никаков режим од страна на наставниците, па има деца кои и не сакаат да одат на училиште поради заплашеност од страна на наставниците затоа што им ги намалуваат оценките затоа што кога ке дојди времето за ЕКСТЕРНО ОЦЕНУВАЊЕ да не се потврди дека тоа дете има оценка што не ја заслужува. Наставниците преку грбот на децата пробуваат да си ја покажат силата на оценката. Поточно јас имам едноо дете ( син) минатата година од страна на неговата наставничка беше толку многу омаловажуван што во еден момент размислував да го запишам во друго училиште.Дома кога учеше ги знаеше сите задачи по математика кога ке појдел на училиште „ не знаел ништо“ тоа го кажуваше неговата наставничка. Кога ќе го прашав во нејзино присуство за задачите тој буквално ги пееше. Цела година имаше 2-3 оценка. А кога кажаа дека нема да има екстерно оценување му пиша 4.Па до кога планираат да ги заплашуваат и децата и наставниците со тоа екстерно оценување. Замислете само дека треба да се тестираат и деца од 10 - 11 години кои треба да бидат оценети за целиот материјал од цела школска година по 2 или 3 предмети. Па на факултет толку не се бара материјал да се повторува.ЈАС ИМАМ ТОЛКУ ДА КАЖАМ ЗА ОВОЈ ВИД НА ТОРТУРА ВРЗ ДЕЦАТА, ДОКОЛКУ СЕ УКИНЕ ОВА ТЕСТИРАЊЕ ЈАС МИСЛАМ ДЕКА НАЈБЛАГОДАРНИ ЌЕ БИДАТ И УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ И ПРРОФЕСОРИТЕ.