ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #351

2013-05-10 13:57

Треба да се спроведе тестирање за наставниот кадар и тоа најпрво да им се побара лекарско уверение дека се психички стабилни да ги описменуваат нашите деца.Ерозијата во денешното образование си ја обезбедивме како резултат на транзицијата кога наставниците прво гледаат кои се родители на детето,а потоа колку тоа знае или не знае.
Ретки се оние наставници и професори кои останаа доследни на својата професија,каде покрај воспитувачи се и педагози.
Исфрустрираните наставници немаат капацитет да ги описменуваат нашите деца,кога главна тема е која политичка партија е на власт или кој градоначалник победил.
Децата не се биро за поплаки да се жали наставникот колкава била неговата плата.
Во времето кога ние се школувавме немаше екстерно тестирање,наставниците беа пример како треба да се однесуваме,а денешните се пример како не треба со чесни исклучоци.