ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #338

2013-05-10 12:54

Не ми е јасно како може од 1 тест да ти зависи оценката ? Па тогаш зошто учиме во текот на целата година ? Може дома да си учиме и на крајот нека не тестираат и нека ни ја напишат таа оценка што ке ја добиеме! Али ова ? Секојдневно учење, нервирање за да на крајот се збуниш и добиеш помала оценка. Навистина не е во ред, во оценката не влегуваат само писмените и тестовите, туку и усни одговарања, дисциплина, активност на час. Ако сакаат да видат дали професорите оценуваат реално има и други начини за тоа. Оцените треба да бидат заклучени до 27-ми мај. Сега наставниците се во небрано. Годишната програма и соодветно материјалот им е плански распореден да се изучи до 10 јуни, секако предавања + оценување. Е сега, ако треба на 27-ми тоа да е завршено, а 24-ти, 25-ти и 26-ти се неработни и плус мора да има совет претходно, значи до 20-ти мај се треба да биде звршено и спуштени да бидат оцените.
Ќе останат отприлика по сите предмети последните теми непоминати... а истите ќе бидат опфатени на тестирањето. Нешто што не си го учил да го имаш на тестот и нормално дека нема да се совпаѓа оценката што ќе ја добиеш на тестот и оценката што наставникот ти ја напишал.
Ако веќе толку сакаа да оценуваат, требаше да сите тестови во текот на годината да бидат унифицирани. На пр. секој месец тест (ист за сите) по секој предмет во секое училиште. Па нека прегледуваат, оценуваат, казнуваат, наградуваат.
Ем наставниците немаше да мораат од свој џеб да принтаат (а и да ги спремаат тестовите), ем немаше децата од 11 години да бидат испрашувани (тестирани) како да се на факултет.
Многу ќе ми биде ќеф да им рикне софтверот... што и може да се очекува, па да се обрукаат и со доказ!