ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #16

2013-05-09 18:14

Неможе од еден тест да се покаже целото знаење на ученикот, мора да се земе во предвид и активноста на часовите од целата година, сите проекти и испрашувања, подготвеноста на ученикот во целата смисла. Не е фер кон учениците кои учеле преку цела година и максимално се посветиле (и кои на екстерното на пример, добиле послаба оценка од онаа која навистина ја заслужуваат), а оние кои не учеле или пак учеле, што би рекле „ради реда“ да се снајдат на тестот, да препишат прашања од некого или на стариот детски начин „еци пеци пец“ и да имаат повисока оценка од оние кои навистина се труделе. Може и да се случи некој ученик од трема да згреши некое прашање, само еден клик е доволен, па потоа слабата оценка од екстерното во сведителството да „боде очи“.Освен ова, сите ученици се бунат, а и наставниците се против, бидејќи навистина нема смисла. Јас сум со големо НЕ за екстерното оценување.