АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ ДА ГО ОДБРАНИ СКОПЈЕ


Anonymous

/ #19 Student

2013-04-15 14:44

Г-дин Бранко, студентите протестираа против објект на плоштадот /било каков, трговски, станбен, деловен, сакрален/, студентите си ја бранеа професијата многу чесно. Според вашата филозофија, да ве прашам тие што ги тепаа студентите, од црквата се? Треба да почнат студентите да шират омраза и заговор против МПЦ? Според вашите аргументи студентите требаше да зборат во јавноста дека свештениците ги тепаа / многу христијански чекор, не?/.... Но, ние не шпекулираме, ниту размислуваме од расистички, религиски или било каков порив. Нашите деланија се од чист професионален аспект.

Г-дин Милан, овој проект има многу повеќе минуси отколку плусеви и сериозни промашувања. Многу повеќе штета отколку добивка, мешање на функции, стилови, инпровизации. Архитектите се натпреварувааат на кокнкурси, кои оваа власт ги укина, за да може да манипулира со изборот на решенија. Некој да сакаше да е се транспарентно немаше да одглумува роља на квази Медичи, тој некој со државните пари требаше најпрвин да се консултира со асоцијациите и факултетите, а потоа да направи архитектонско-урбанистички конкурс за централното подрачје итн итн. Ова беше донесено во стилот- ние ова ќе го правиме, кому се допаѓа ок на кого не, гајле ми е. Ви се молам, отворете ја facebook страната и препрочитајте ги постовите. Па вие не сте ја ни разбрале иницијативата, а не пак нешто друго...