ПЕТИЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ

Kontaktiraj go avtorot na peticijata

ЗОШТО БАРАМЕ ПРОМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ?

2013-03-16 18:08:18

Постоечкиот македонски Закон за заштита и благосостојба на животните, е недекватен и ја губи својата основна идеја бидејќи пропишува субстандардна заштита на животните, кои од страна на луѓето се искористувани и убивани во разни облици на општествена дејност. Законот е несоодветен и дури и во општите начела остава простор за многу манипулативни толкувања (на пр. овозможува масовна еутаназија на бездомни животни; нема забрана за одгој на животни за крзно како што е случај во сите наши соседни земји и сл). Законот е специстички, што значи дека животните се перцепираат во рамки на нивната „корисност„ по човекот (профит) и има за цел првично да ги штити економските и политичките интереси на луѓето – а не правата, заштитата и благосостојбата на животните, зошто чувствуваат и страв и болка и љубов кон своите младенчиња и кои се сами по себе сосема обезвреднети. Таков закон е хипокризија да го носи тоа име. Законот сериозно и видно затајува во однос на сите европски закони за заштита и благосостојба, Законите за заштита на животните од сите соседни земји и бараме истиот да се смени!

Анима Мунди, и сите останати македонски здруженија за заштита на животни  (Асоцијација на активисти за права на животните, Мали Херои, Глас за животните.....) поднесува ПРЕДЛОГ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА И замолува за поддршка на таа иницијатива.  ПРЕМНОГУ СМЕ СРЕЌНИ ШТО ЗА ОВАА ИНИЦИЈАТИВА ЈА ДОБИВМЕ И ПОДДРШКАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ

Иницијативата генерално подразбира зголемување на заштитата на животните:

-          забрана за усмртување бездомни живорни како алтернатива за намалување на прекубројноста на бездомните животни

-          забрана за одгој на животни за крзно

-          забрана за циркуси со животни

-    зголемена заштита и поддобрување на состојбата на т.н. фармските животни

-   законска задолжителност за едукативни програми за сензибилизација на населенито во однос на животните и промовирање на хуманоста;

Ги повикуваме сите граѓани да ги упатат своите критики на постоечкиот Закон и  ги поддржат нашите предлог законски измени и барања со кои животните ќе добијат конкретна заштита, а нивното мачење ќе биде осудено и санкционирано! Оваа петиција ќе биде доставена до претседателот на Собранието на РМ и пратеничкиот состав, Владата на РМ, до надлежните комисии Законодавно-правна комисија, Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерсто за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Поддржете ја, потпишете ја и споделете ја оваа петиција, дајте го својот глас во обидите да се смени судбината на бројните животни во Македонија!

 

 

 

 


Анима Мунди



Сподели ја оваа петиција

Помогнете оваа петиција да достигне повеќе потписи.

Како да промовирате петиција?

  • Споделете ја петицијата на вашиот Facebook ѕид и во групите поврзани со темата на вашата петиција.
  • Контактирај ги твоите пријатели
    1. Напишете порака каде што објаснувате зошто ја потпишавте оваа петиција, бидејќи луѓето имаат поголема веројатност да ја потпишат ако разберат колку е важна темата.
    2. Копирајте ја и залепете ја веб-адресата од петицијата во вашата порака.
    3. Испратете ја пораката преку е-пошта, СМС порака, Facebook, WhatsApp, Twitter, Skype, Instagram и LinkedIn.